Англискиот е мајчин јазик само на едно од секои 10 деца во најголемото училиште во Британија

Од:

Англискиот е мајчин јазик само за едно од секои десет деца во најголемото основно училиште во Велика Британија, се тврди во документарен филм емитуван на Петти канал на британската телевизија.

Според документарецот, масовната имиграција во Велика Британија придонела бројот на деца од неанглиско говорно подрачје во основното училиште „Гаскоин“ во Источен Лондон да изнесува дури 90 отсто. Главниот учител Боб Гартон изјавува во филмот дека само мал процент од 1.100-те ученици се бели Британци. Потеклото на учениците е главно од три региони – Источна Европа, Африка и Индискиот субконтинент. Во училиштето се зборуваат вкупно 60 јазици.

– Ситуацијата во училиштето го одразува исклучително високото ниво на имиграција во Велика Британија и ја потенцира неопходноста од ограничување на порастот на населението, коментира потпретседателот на лобистичката група „Мајгрејшн воч“, Алп Мехмет.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство