Суд во рускиот град Сочи донесе одлука за одземање на две мечки од еден угостител, откако локланото здружение за заштита на животните го пријави дека двете животни ги „навлекол на алкохол“.
Угостителот двете мечки ги користел како атракција на кои гостите им давале да пијат алкохол, кој толку им се допаднал, што на крајот станале зависници од него.
Судот реши угостителот да и ги предаде двете мечки на Подружницата на руското Министертсво за природни ресурци во Краснодарск, која треба да преземе мерки за нивна заштита и да им обезбеди престој во согласност со санитраните и ветеринарните прописи.
Здружението за заштита на животни, кое тврди дека со години го опоменувале угостителот, соопшти дека тој е казнет за непочитување на прописите за чување на животни.
Руските медиуми јавија дека угостителот досега во неколку наврати се обидувал да се „ослободи“ од мечките, но дека ниту една зоолошка градина не сакала да ги прими поради нивната зависност од алкохолот.