Забрана за камиони на Маврово-Дебар и на Ѓавато

Од:

Забрана за тешки товарни возила поради снег на коловозот од 09:30 часот е воведена на патниот правец Крак – Маврово – Дебар поради врнежи од снег.

Претходно и на планинскиот премин Ѓавато беше воведена забрана за движење на тешки товарни возила. За останатите видови на возила се препорачува употреба на зимска опрема.

На сите останати државни патишта, како што информира АМСМ, сообраќајот се одвива без забрани, по влажни коловози. Врнежи од слаб снег што не се задржува на коловоз има на Попова Шапка, Стража, Маврово, Прилеп, Ресен, Битола и Крушево, а снег со среден интензитет кој се задржува на коловоз има во Буково, Плетвар, Пресека, Железнец и Ѓавато.

Внимателно возење се препорачува на патниот правец Катланово – Велес после наплатната станица Сопот, каде поради можен одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 200 метри.

На патниот правец Страцин – Крива Паланка, на излез од Страцин во правец на Крива Паланка, поради свлечиште зафатена е третата лента од коловозот во должина од 150 метри.

Целосен прекин на сообраќајот за секаков вид на моторни возила се уште има на патниот правец Кочани – Македонска Каменица, поради големи одрони од камења. Сообраќајот се пренасочува преку Виница – Пехчево – Делчево.

Прекин на сообраќајот има и на патниот правец Марвинци – Гевгелија, поради излеана вода од река Вардар на подвозникот, и на патните правци Кочани – Зрновци и Тработивиште – Разловци поради попуштање на мостовите на реката Брегалница. Алтернативен пат за Тработивиште е стариот пат Делчево – Тработивиште.

Во општина Пробиштип, поради свлечиште и понатаму е во прекин сообраќајот за сите видови моторни возила на патниот правец Киселица – Злетово. Возилата се пренасочени од Киселица – Пробиштип – Леговец – Злетово. Во прекин е и сообраќајот на локалниот пат за село Покрајчево кој го поврзува магистралниот пат А-4 Радовиш-Струмица, поради излевање на Радовишка Река, на регионалниот патен правец од село Тополчани кон село.Клепач поради премногу вода, а затворен за сообраќај е патниот правец Битола-Старавина Р-1311, на 8 километри пред село Новаци.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он