Имигранти од Косово сега заминуваат во Албанија, па Црна Гора

Од:

Заминувањето на Албанците од Косово не стивнува и покрај тоа што на административниот премин Мердаре сега е оневозможен премин на автобус со имигранти, кои преку Србија одат во Унгарија. Како што пренесуваат приштинските медиуми, синоќа голем број луѓе, главно со приватни автомобили, заминале кон преминот Врмици со Албанија, од каде што одат во Црна Гора, а потоа во некоја од државите членки на ЕУ.

-Ќе пронајдам каков било пат само повеќе да не сум во Косово. Не може да се живее без работа. Овде нема надеж за живот-вели еден дражвјанин на Косово, кој со семејството се упатил кон преминот кон Албанија.

И извори од цариските служби велат дека е зголемен бројот на граѓани кои од Косово влегуваат во Албанија.

-Тие велат дека поради забава одат во Албанија, но не се враќаат повеќе – вели еден цариник. Според наводите на медиумите се уште не се знае бројот на лицата кои ги напуштиле подрачјата околу Призрен, но се знае дека во училиштата во овој регион голем број ученици не посетуваат настава.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска