Ципрас: Германци мора да платат воена отштета

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека неговата влада ќе ги исполни ветувањата од предизборната кампања, меѓу кои спаѓа и долгот на Грција, но истакна и дека од Германија бара обештетување за Втората светска војна.

-Морална обврска кон нашиот народ, историјата, кон сите европски народи кои војувале против нацизмот, да се бара од Германија воена репарација и враќање на принудниот заем, кој нацистите го зеле од окупирана Грција, а никогаш не го вратиле- рече тој.

Инаку Сириза пред изборите најави дека од Германија ќе бара обештетување од 162 милијарди евра што е еднакво на половината од актуелниот долг на Грција кон странските доверители.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит