Зери: Нов бран луѓе го напуштаат Косово

Од:

Десетина автобуси со патници тргнаа синоќа од Косово кон граничниот премин Мердаре со Србија за да се обидат да најдат егсистенција во држави од Европската унија, објави денеска приштински Зери.

Весникот наведува дека приведувањето на стотици жители на Косово на границата меѓу Србија и Унгарија е запирање стотици други по железнички станици во Будимпешта не спречило многу бројни луѓе од синоќа да заминат во емиграција.

Илегалната еммиграција како што објави весникот, испразни градови во Косово во кои може да се забележи значително намален број жители, додека сопственици на бизнис објекти и занаетчии се жалат дека бизнисот рапидно им е опаднат.

Жителите на Косово седум години по прогласувањето независност губат надеж во економски развој бидејќи се на раб на екстремна сиромаштија, наведува Зери.

Градовите Приштина, Гњилане, Митровица, Вучитрн, Урошевац имаат помал број жители отколку пред два месеца, додава весникот и укажува дека со денови однапред се резервирани места во автобуси кои заминуваат од Косово.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска