Убедлива победа на ракометарките на ЖРК Вардар над Крим

Од:

Македонскиот женски ракометен шампион Вардар ја постигна првата победа во главната фаза од Лигата на шампионите откако вечерва во СЦ „Јане Сандански“ го совлада словенечкиот првак Крим со убедливи 41:30 (21:12). ЖРК Вардар со 5 бодови се проби на четвртото место на табелата во групата 1.

„Вардарки“ во текот на целиот натпревар имаа водство. Кон средината на првиот дел беше 15:7, а Крим успеа да намали на 16:12 и тоа беше последниот отпор на гостинската екипа. Во второто полувреме ЖРК Вардар имаше и 15 голови разлика (38:23), а потоа тренерот Индира Кастратовиќ им даде шанса и ракометарките кои беа подолго време на клупата, па ривалот ја намали предноста.

Најефикасни кај ЖРК Вардар беа Јованка Радичевиќ со 8 голови, а Сираба Дембеле постигна 7. Амадин Лејно на голот на ЖРК Вардар натпреварот го заврши со 21 одбрана.

Од групата 1 утре се играат натпреварите: Будуќност – Лајпциг и Турингер – Динамо Синара.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска