Шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајмајер на Меѓународната конференција за безбедност во Минхен предупреди на опсаноста од поделба на Европа и побара од Русија и од Украина да се придржуваат на Договорот од Минск.
– Ако сега избереме погрешен пат… тогаш може да се случи да ни се потребни не години туку децении да ги исчистиме остатоците од погрешната политика и погрешниот пат. На Европа и се заканува нова поделба и тоа заедно мора да го спречиме, посочи Штајмајер.
Тој додаде дека потребните одлуки мора да бидат донесени во Москва и во Киев, а не само во Берлин или во Париз.
Украинската криза е доминантна тема на 51. Минхенска конференција за безбедност.