Мртви тела на две дечиња на возраст од шест и седум години и тело на 51 годишен човек се пронајдени на пат покрај напуштен автомобил во местото Њутаун Стејси во Велика Британија.
Полцијата вчера попладне добила повик дека се забележани три тела. Истражните органи ги идентификувале како Мајкл Петресон, 51 година, неговиот син Бен Педерсен на возраст од седум години и ќерката Фреја на возраст од шест години.
Иако полицијата не сакала да потврди дали жртвите се во роднинска врска, The Telegraph пишува како таткото ги убил синот и ќерката па потоа си пресудил себеси. Трагедијата се случила само еден ден откако се развел од нивната мајка. Причините за таквиот чин сеуште не се познати. Мајл Петерсон со својата сопруга имал основнано компанија за транспорт, а во брак биле 10 години. Полицијата сеуште работи на истрагата.