Почна испуштање на вода од хидроелектричните централи во Албанија

Од:

Поради преполнетите вештачки акумулции, а со цел да не дојде до пукање на браните, што би довело до поголеми катастрофи, албанските власти  почнаа со испуштање на вода од повеќето хидроелектрични централи, јави дописникот на МИА од Тирана.

Од најголемата во земјата и втора на Балканот, ХЕЦ „Фиерза“ во која дотекот изнесува 900 кубни метри вода во секунда се испуштаат по 500 кубни метри вода во секунда. Според стручните лица од оваа област се превземаат сите потребни мерки за успешно менаџирање на ситуацијата, со цел да се зачува актуленото ниво.

Препони се и другите акумулации во оваа земја, која ја имаат зафатено големи поплави.

Вода се испушта и од ХЕЦ „Улза“, каде дотекот е 364 кубни метри вода во секунда а се испуштат 300 кубни метри вода во секунда, и ХЕЦ „Шкопет“, каде дотекот изнесува 380 а се испуштаат 400 кубни метри вода во секунда.

Инаку, сите ХЕЦ работат под полн капацитет. Поради големото произвдство на елекрична енергија по 220 мегават часови дневно Албанија извезува.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата