Членови на ВМРО-ДПМНЕ формираа Форум на слободоумни патриоти

Од:

„Поаѓајќи од уставно загарантираните човекови слободи и права, пред се од правото на здружување заради остварување и заштита на граѓанските, политичките, економските, социјалните и културните и други слободи и права, Ние членовите на ВМРО ДПМНЕ и македонски патриоти го формиравме ФОРУМОТ НА СЛОБОДОУМНИ ПАТРИОТИ (ФСП).

Формирањето на Форумот – ФСП е принципиелен патриотски и морален одговор на нашата се поголемата загриженост за правецот во кој се движи Република Македонија. Форумот на слободоумни патриоти се спротивставува на обидите и желбите за воспоставување на систем без систем односно на систем по мерка на политичките елити, на обидите авторитаризмот и тоталитаризмот да се протуркаат како елитен демократски артикл, лаицизмот да се нуди со етикетата на авангардност, на обидите злоупотребата на државите и партиските функции да се претстават како производ на светските цивилизациски трендови, а сиромаштијата на нашиот народ како продукт на идејата за колективно жртвување во името на некакви ,,повисоки” државни интереси.

ВИЗИЈА НА ФОРУМОТ е создавање:

  • општество на слободни и независни граѓани каде ќе се почитуваат граѓанските, политичките, економските, социјалните, културните и другите слободи и права,
  • општество на лојални и рамноправни граѓани,
  • општество со развиена демократска свест,
  • општество со демократски, непартизирани и професионални институции,
  • општество чија темелна вредност е владеење на правото засновано на неговите основни постулати.

 

ЦЕЛИ НА ФОРУМОТ:

  • Поаѓајќи од содржина та на вторвиот дел од името на партијата ДПМНЕ (Демократска партија за македонско нацинално единство), кое јасно и недвосмислено го означува начинот на делување и политичките стремежи на партијата Форумот нема за цел да прави делби и расколи ниту во партијата ниту во државата, ниту има за цел некого да го омаловажува, руши или маргинализира туку негов приоритет е реализација на овој вековен стремеж. И токму поради тоа во овој момент приоритетна обврска е спротивставување на сите партиско политички активности кое секојдневно како народ  се повеќе не делат и разделуваат по сите основи.
  • Форумот ќе се залага за јакнење и пораст на демократската свест на граѓаните и подигање на нивото на културата во политичката комуникација, ќе вложува напори да ја релаксира политичката состојба во државата како и да овозможи политички дијалог помеѓу политичкитe субјекти во земјата.
  • ФСП најенергично и бескромпромисно ќе ја води борбата Република Македонија да се ослободи и конечно да расчисти со агресивната и егоистична политичка елита која во овие дваесетина години создаде изобличена демократија и во таа смисла ФСП најергично се спротивставува на секое „владењее на егоизмот на личните интереси“.
  • Форумот ќе нуди алтернативни предлози и решенија на правен, економски, политички и безбедносен план како и на полето на демократијата
  • ФСП максимално ќе се залага за почитување на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавно изразување на мислата, слободата на говорот, јавниот настап и јавното информирање.
  • ФСП ќе се спротивстави на сите обиди за туркање на партијата во водите на партискиот деспотизам, меѓутоа истовремено ќе вложи максимални напори за враќање на изгубениот идентитет на партијата.
  • ФСП ќе се грижи за своите сопартијци и за остварување на нивните права и обврски,
  • ФСП ќе се залага за промена на постојниот Статут на партијата кој треба да коренспондира со името на партијата, нејзините цели и задачи но и да овозможи нејзина демократизација на сите нивоа“, се вели во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.

Би можело да ве интересира

Левица: Нов скандал на власта – Јанушев со тендер од еден милион евра ќе ги плаќа партиските митинзи

Кузеска: Ако СДСМ прислушкувала, зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да декласифицира

Манасиевски: Дали е вистина дека постои случај Рекет 2 и дали ЈО го крие во фиока затоа што штитат функционери на СДС и ДУИ?

Катерина Ѓуровски

Левица: Денешната седница беше перфиден театар на ДПМНЕ и ДУИ – не помина предлогот за фер конкуренција

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?