Ракометарките на македонскиот шампион ЖРК Вардар попладнево го играат натпреварот од 2.коло од главната фаза од Лигата на шампионите. Во Скопје гостува словенечкиот првак Крим, поранешен двократен европски шампион. По поразот од Лајпциг во претходното коло за „црвено-црните“ ракометарки само победата е опција на овој натпревар.
Во редовите на Крим меѓу најдобрите се наоѓаат поранешната македонска репрезентативка Мирјета Бајрамовска, како и екс ракометарката на Вардар Французинката Алисон Пино.
Натпреварот ЖРК Вардар – Крим се игра во СЦ „Јане Санадански“ со почеток во 19 часот.
Во групата 1 покрај овој дуел утре се играат натпреварите: Турингер – Динамо Синара, Будуќност – Лајпциг.
Табела група 1: Будуќност 9 бодови, Динамо С. 6, Лајпциг 6, Турингер 4, Вардар 3, Крим 2.
Двојки група 2: Мец – Савехоф 22:25, Ларвик – Виборг (сабота), Баја Маре – Ѓер (недела).
Табела група 2: Ларвик 10, Ѓер 8, Виборг 5, Мец 4, Савехоф 3, Баја Маре 2.