Британската опозиција со осуда за „изолацијата“ на Лондон во решавањето на украинската криза

Од:

Британските опозициски лабуристи остро го осудија денеска отсуството на премиерот Дејвид Камерон од најновата француско-германска иницијатива за запирање на конфликтот во Украина.

– Францускиот претседател Франсоа Оланд и германскиот канцелар Ангела Меркел, денеска се во Москва. Беа и во Киев, каде се наоѓа американскиот државен секретар Џон Кери, но Камерон никој не го повикува да се вклучи во овој дипломатски процес, а ниту тој не покажува интерес за тоа, изјави Даглас Александар, задолжен за надворешаната политика во Владата во сенка на Лабуристичката партија.

Според опозицијата, Велика Британија запаѓа во самоизолација и се претвора во „мал играч“ во европската политика, за што лабуристите сметаат дека главен виновник е премиерот Камерон.

– Забелешките дека Камерон е мал играч во надворешната политика, претставува потврда дека премиерот го ослабнува влијанието на Велика Британија и тоа се случува во време, кога тоа не би требало да го има, вели Александар.

Даунинг стрит 10 ги отфрла обвинувањата дека земјата се претворила во „беззначаен играч“ во решавањето на украинскиот конфликт

– Таквите оценки не се точни, затоа што Лондон беше предводник на политиката за казнување и санкционирање на руската политика и на Русија по анексијата на Крим. изјави портпаролот на кабинетот на британскиот премиер, инсистирајќи дека токму санкциите го принудија претседателот Владимир Путин да прифати средба со Оланд и Меркел за мирно решавање на конфликтот.

Овој портпарол изјави дека официјален Лондон ја поддржува сегашната француско-германска дипломатска иницијатива, преговарајќи во Киев и Москва со лидерите на Украина и Русија.

Со осуда на британската изолација од Европа, се огласи и доскорешниот командант на НАТО во Европа, британскиот генерал Ричард Шираф, кој во напис во „Тајмс“ јавно го прашува премиерот Камерон, зошто и тој не е со Оланд и Меркел.

– Недопустливо е да ја нема Велика Британија како фактор во надминувањето на најсериозната европска криза во последните 50 години, вели Шираф во „Тајмс“.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство