Кипар е против дополнителни санкции за Русија поради украинската криза и многу други земји од ЕУ го поддржуваат ваквиот став, изјави кипарскиот претседател Никос Анастасиадис.
Тој нагласи дека многу држави од ЕУ го поддржуваат дипломатскиот пат за решавање на украинската криза, наместо дополнителни санкции против Москва.
– Сакаме да избегнеме натамошно влошување на односите меѓу Русија и Европа, истакна Анастасиадис.
Зборувајќи за претстојната посета на Москва на 25 февруари, кипарскиот претседател ги истакна традиционално добрите односи меѓу двете земји, додавајќи дека тие нама да се променат.
Тој најави дека во Москва ќе бидат потпишани повеќе документи, меѓу кои и нов договор за воена соработка.