МЗ ќе формира уште една стручна комисија за нова подетална анализа за случајот со починатото 12-годишно девојче

Од:

Министерството за здравство ќе формира втора стручна комисија која ќе направи нова подетална анализа дали сите здравствени работници почнувајќи од матичниот лекар, дежурниот лекар во Поликлиниката „Јане Сандански“ и оние на Инфективната клиника постапиле правилно во лекувањето на 12-годишното девојче кое почина без конечна дијагноза.

Од Министерството за здравство денеска на средба со новинарите информираа дека првата стручна комисија која веќе го анализирала случајот утврила дека сите здравствени работници постапиле според медицината базирана на докази, но заради брзата прогресија на симтомите, влошување на состојбата и фаталниот исход, но пред се и заради младиот живот министерот за здравство побарал формирања на уште една стручна комисија, со цел уште еднаш се испита случајот и да се споредат наодите.

Од Министерството информираа дека директорот на Клиниката за Инфективни болести, д-р Звонко Миленковиќ, повел дисциплинска мерка против лекарите во таа јавна здравствена установа кои дозволиле телото на девојчето да биде пуштено без да се направи обдукција и да се утврди точната причина за смртта. Согласно Законот за здравствена заштита, наведуваат од Министерството, доколку лицето почине за пократко од 24 часа од кога е примено на лекување и не се знае точната причина треба да се направи обдукција на телото.

Починатото девојче прв пат било однесено на матичен лекар на 27 јануари, кој утврдил лесни стомачни проблеми за што побарал да се направи крвна слика. Но, девојчето одбило, а следниот ден се чувствувало подобро. Но, во попладневните часови состојбата нагло му се влошила и во 22 часот било однесено во Поликлиниката „Јане Сандански“ на дежурен лекар кога е констатирана тешка здравствена состојба.

Девојчето имало хипотремија, студени раце, нозе, со целосно тешка слика при што веднаш било упатено на Детската клиника, но родителите самоиницијативно во 23 часот ја однеле на Инфективната клиника. Таму три часа се бореле да ја стабилизираат состојбата, но на 29 јануари два часа по полнок срцето откажало, појаснија од Министерство за здравство.

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски