Британски џихадист осуден на 12 години затвор

Од:

Британскиот џихадист Имран Каваја (27) од Лондон денеска е осуден на 12 години затвор, затоа што заминал во Сирија за да се бори на страната на милитантната група Исламска држава (ИД).

Овој британски муслиман минал шест месеци меѓу џихадистите од ИД и во тој период повеќепати позирал и се фотографирал со отсечени глави на брутално ликвидираните заробенци или противници на групата, кои обично се казнуваат со обезглавување.

Каваја беше уапсен во Довер во јуни минатата година, кога се обидувал да влезе во Велика Британија. Претходно, самиот објавил дека „загинал во борба“ за да може незабележано да се врати дома.

Во текот на судскиот процес пред лондонскиот суд во Вулич, обвинетиот џихадист призна дека се подготвувал за извршување терористички напади. Тој призна и дека престојувал во специјален камп на џихадистите каде се обучил да ракува со повеќе видови оружје.

Судот го осуди и неговиот братучед Тахир Бати од Вотфорд, во близината на Лондон, на 21 месец казна затвор затоа што му помагал на Каваја при враќањето од Сирија во Велика Британија.

Бати го пречекал својот роднина во Бугарија, па преку Србија го префрлил на Запад, до францускиот брег на Ламаш.

Третобвинетит во процесот Асим Али од Лондон, исто така, е осуден на 21 месец затвор. Тој беше обвинет за финансиско помагање при заминувањето на Каваја во Сирија.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство