Пилотот на авионот на „Транс Азија“ се обидувал да ја спречи несреќата

Од:

Телото на тајванскиот пилот на урнатиот авион на компанијата „Транс Азија“ е пронајдено во кокпитот на леталото, со рацете поставени на командата.

Податоците од црната кутија на авионот покажаа дека пилотот упатил повик за помош и го пријавил пожарот 35 секунди, откако забележал дека моторот откажал, изјавија надлежните органи.

10941796_10205940420535551_1904524684_n

-Тој се борел да ја задржи рачката до последен момент пред авионот да се урне во река, во обид да го контролира правецот и да ја намали штетата-стои во извештајот од истрагата, пренесе „Франс прес“.

Пилотот, кој во Тајван е означен како херој, успеа да избегне авионот да се урне врз станбена зграда и со тоа да се зголеми бројот на жртвите.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди Тајван

Тајван: Ако Кина сака наша територија, треба да побара и земја од Русија

Кина воведе санкции за шест американски компании за продажба на оружје на Тајван

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате