Пратеничката од Сириза Зои Констандопулу избрана за претседател на Грчкиот парламент

Од:

Грчкиот парламент денеска ја избра со тајно гласање за претседател пратничката од Коалицијата на радикалната левица Сириза Зои Констандопулу, јави ТАСС.

Зои Констандопулу е единствениот кандидат. Таа беше предложена од премиерот и лидер на Сириза Алексис Ципрас.

Констандопулу е адвокат по човекови права. Таа со 38 години е најмладиот претседател на грчкиот парламент досега, јави ДПА.

Во новиот 300-члениот еднодомен грчки парламент се претставени седум партии. Во него 135 пратеници се избрани по првпат. Меѓу нив 69 се жени, што е пет повеќе во споредба со составот на парламентот во 2012 година.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит