Студентски пленум: Само мораториум на законот ќе спречи окупација на универзитетот

Од:

Студентскиот пленум во моментов присуствува на денешната, ненадејно свикана средба во Владата на РМ со премиерот Груевски, како дел од работната група на УКИМ, заедно со претставниците на Професорскиот пленум. Сомнително е зошто владата повторно по последниот момент менува одлука за заседавање на комисија, особено кога таа не треба да ја води дискусијата за законот за високо образование – туку треба да биде набљудувач. Го потсетуваме Премиерот дека дебата за високото образование треба да се води на универзитетот, а не во Владата.

Но, сепак, и покрај недоследностите во однесувањето на Владата, во знак на добра волја, ќе ја искористиме приликата да пратиме свои претставници во кабинетот на премиерот и уште еднаш да истакнеме дека Студентскиот пленум бара итно прогласување на мораториум врз последните измени во Законот за високо образование (ЗВО). Тоа подразбира одложно дејство врз измените во ЗВО, се додека не се донесе целосно нов закон, кој ќе произлегува од инклузивен дијалог и ќе се темели на суштински анализи.

Бидејќи 4 месеци ја водиме борбата на оспорување на овие лоши реформи, 4 месеци во кои владата одговараше со игнорирање, етикетирање, манипулирање и комплетна непочит кон идеите за демократска инклузивност и дијалог, сметаме дека е малку иронично што сега, на донесен закон, „вонредно“ не повикува на преговори.

Токму затоа, се додека ова барање не помине во итна собраниска процедура, Студентскиот пленум нема да престане да делува вонинституционално, според договорениот тек.

Студентскиот пленум потсетува дека УНИВЕРЗИТЕТОТ Е НА СТУДЕНТИТЕ. Во таа смисла неговата окупација значи всушност негово ослободување. Ајде да го вратиме на оние на кои им припаѓа – на студентите и на академската јавност!

Би можело да ве интересира

Од Македонија годишно заминуваат околу 2500 високообразувани кадри

Катерина Ѓуровски

Мицкоски најави ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра

Министерството за образование нема да го плати долгот од осум милиони евра за студентски превоз без судска одлука

Катерина Ѓуровски

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки