Министерство за транспорт: Земјиштето во Центар е продадено во транспарентна постапка

Од:

Министерството за транспорт и врски бара градоначалникот на Центар Андреј Жерновски да каже кој закон е прекршен при продажбата на земјиштето во Градскиот парк.

Според Министерството, тврдењата на Жерновски на денешната прес-конференција се груба манипулација и дрзок обид за искривување на транспарентноста на постапката за продажба.  Право на учество на наддавањето имале сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица и оти имало пријава за учество само од едно правно лице СИС Балкан ДОО Скопје, чии што основачи се Сергеј Борисович Самсоненко и Ирина Владимировна Самсоненко.

– Постигнатата цена на јавното наддавање изнесува 2.420 денари за 1 метар квадратен, односно за вкупната површина на градежната парцела изнесува 34.122.000 денари или нешто повеќе од половина милион евра, од кои 40  проценти ќе завршат во буџетот на општина Центар, 40  проценти во буџетот на Град Скопје и 20  проценти во Буџетот на Република Македонија, со што Центар ќе добие приход од повеќе од 220.000 евра, наведува во реакција Министерството за транспорт.

За разлика од минатото, се додава во реакцијата, кога градежното земјиште се продаваше со непосредна спогодба, со договори во четири очи, по багателна цена, како што е примерот со земјиштето за изградба на Рамстор, што претставува комерцијално деловен објект, кое беше продадено за 25 евра за метар квадратен, јавноста го памети тоа, Министерството за транспорт и врски спроведе јавна, транспарентна постапка за отуѓување на ова градежно земјиште, каде што за учество на јавно наддавање можеше да се пријави секое заинтересирано лице, при што земјиштето за изградба на спортски терени се продаде за цена од повеќе од половина милион евра.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории