Членовите на Мултиетничкиот синдикат на образование (МЕСО) по одлуката за прекин на штрајкот во образованието, донесена од раководството на СОНК изјавија дека се револтирани бидејќи ниту едно од нивните барања не е усвоено, туку се само одложени.
– Сега со прекинот на штрајкот СОНК има целосна осуда од МЕСО крајно сме револтирани од одлуката. Таа одлука ја донесоа во пресрет на организирани и масовни протести низ земјата за кои поддршка дадоа поддршка и најавија учество, не само членовите на СОНК, туку и вработени во образованието кои не се членови на синдикатот, солидарни граѓани, се приклучија и средношколците и гога тој протест можеше да резултира со уште поголем притисок кон власта за остварување на, барем, едно конкретно барање – тие го прекинаа штрајкот.
Револтирани сем што не е усвоено ниту едно од барањата. Единствено што слушнавме дека за едно година е одложено е казнувањето на наставниците
Не слушнавме ниту дали е постигнат договор со Министерстввото дали на наставниците кои штрајкуваа ќе им се исплаќаат платите Само слушнавме од претседателот на СОНК дека министерството треба да исплати плати.
Да не заборавиме дека во изминатите денови за време на штрајкот, наставниците беа изложени на разни притисоци, беа етикетирани, се слуша дека некои од нив ќе останат без работа и тие тоа го издржаа со цел да се изборат за барем едно од барањата, но не резултираше со ништо. СОНК не спомна ништо за крајно штетните одредби во законот за основно и средно образование, рече Сузана Стефановиќ од МЕСО
Според неа, ваквото однесување на СОНК допринесе да се зголеми недовербата кон синдикатот.
Здравко Савевски, генерален секретар на МЕСО рече дека без храбро и кавалитено раководство на синдикатот не може да има успешна одбрана на работничките права, а СОНК, ако немало други причини, се однесувал со краен дилентатизам.
– Одлуката за прекин на штрајкот доаѓа во момент кога власта се соочуваше со зголемен притисок, ден пред протестот на вработените во образованието, кои ќе беа масовни и ќе беа дополнителна преговарачка сила за СОНК.
Второ, донесена е одлука за прекинување на штрајкот, а не за ставање во мирување на штрајкот до 15 март. Тоа значи дека СОНК самиот се изложува на нова процедура за отпочнување на штрајк за што има доста строги одредби во законот.
Кога не можеа да изборат злемување на платите, тогаш од СОНК можеа да притиснат барем за нематријалните барања, на пример, во септември 2014, владата донесе уште потешки мерки за штрајк во образованието, нема тука никави финансиски проблеми да бидат укинати тие законски одредби кои го негираат уставно загарантираното право на штрајк. Во спогодбата на СОНК нема укинување на тие одредби.
СОНК имаат чудна дефиниција за успешен штрајк. Во спогодбата нема ништо освен најави дека има согласност да се изнајде решение. Ништо конкретно, рече Савевски.