(ВИДЕО) Жерновски: Власта повторно раскрчми атрактивно земјиште за багателна цена

Од:

Точно година дена измина откако општина Центар најлегитимно поднесе документ со одлука донесена едногласно, без разлика на партиската припадност на општинските советници, со која се бара враќање во владение на неизграденото градежно земјиште.

Документот е поднесен до Министерството за транспорт и врски на 17-ти февруари, 2014-та година. Општината испрати и ургенција на 5-ти септември, истата година, рече градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.

zernovskiPresZemjiste (4)

Одговорот, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, е јасен зошто има молк цела година.

„Одговорот е јасен. Оние од власта, кои што се претставуваат како патриоти и домаќини, ја продадоа атрактивната парцела помеѓу арената Филип 2-ри и Паркот на Франкофонијата во Градскиот Парк за 40 евра по метар квадратен. Продавање на атрактивна земја за 40 евра е криминогено и безмилосно раскрчмување на атрактивно земјиште. Од првичните 2420 денари, со наддавање почетната цена е, замислете, зголемена за цели 220 денари“, рече Жерновски.

zernovskiPresZemjiste (2)

Целата локација е со површина од 14.100 м2 но, рече Жерновски, тоа не е се’. На скопското Кале е огласено земјиште за продажба со почетна цена од 100 евра за метар квадратен, за изградба на објект во барокен или нео-класицистички стил.

Повторно, истакна градоначалникот Жерновски, Владата го продава она што не е во нејзина приватна сопственост.

zernovskiPresZemjiste (1)

Жерновски исто така посочи дека во интерес на општината е да се врати неизграденото градежно земјиште во владение на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски