Тројца работници починаа, а двајца се повредени во пожарот што избувна изутрината во фабриката за плински боци „Балкан гас“ во Богданци, по експлозија во фабричките капацитети, потврдуваат од полицијата по првичниот увид.
Еден од вработените, кој се здобил со тешки изгореници и повреди е упатен на скопските клиники, а другиот е со полесни повреди во локалната болница.
Противпожарните екипи го локализираа пожарот, а на терен се претставници на полицијата, јавен обвинител и општинските власти.
Според првичните сознанија, пожарот избувнал изутрината во 08:50 часот од искра во одделот за полнење плински боци, а силната експлозија го вознемири локалното население.