Гостувањето на поранешниот премиер Иво Санадер на Хрватската телевизија во емисијата на Александар Станковиќ “Во недела во 2” го следеле 18 отсто од населението на Хрватска, или 747.000 гледачи, што е, сепак, помалку од процентот на гледаност која таа емисија го имала кога гости беа поранешниот хрватски претседател Стјепан Месиќ или Лепа Брена.
ХРТ соопшти дека речиси 58 проценти од сите оние кои во тоа време беа пред малите екрани го гледaле вчера интервјуто со поранешниот премиер кој беше гостин во 501 емисија на најпопуларното “ток шоу” во Хрватска.
Највисокa гледаност до денес, сепак, имале емисиите во кои гостин беше Месиќ,на 26 јануари 2003 година со 26 проценти, односно емисијата од 15 февруари 2009 година. во која гостин беше Лепа Брена со 24,5 проценти.