Европската унија се соочува со зголемен број на косовски граѓани кои нелегално се префрлаат во богатиот блок, и само за еден месец 10 илјади косовари побарале азил во Унгарија.
Во 2013 година таа цифра била 6.000.
Високиот комесаријат на ОН за бегалци соопшти дека стотици Косовари влегле во Унгарија и побарале азил во првите осум месеци од минатата година, а бројот од септември до декември е зголемен на 21 илјада.
Државната имиграциска служба на Унгарија соопшти дека од 14 илјади странци кои побарале азил од почетокот на годината, 10 илјади се од Косово.
Министерот за внатрешни работи на Косово Скендер Хисени изјави дека Владата не може да го спречи имиграцискиот бран.