Патниот правец Дебар – Маврово кој беше затворен за сообраќај поради лавина на патот, во 14:25 попладнево е оспособен со една исчистена коловозна лента и по неа е дозволено одвивање на сообраќај.
Автомото сојузот на Македонија соопштува дека во 14::25 часот е укината забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Сообраќајот кај клучка Марвинци – Гевгелија е пуштен само во правец Гевгелија – Марвинци, а во обратна насока се уште не се сообраќа поради вода на патот на подвозникот.