Најдобриот стрелец на последното Светско првенство во ракомет, Словенецот Драган Гајиќ, како и неговиот репрезентативен колега Урош Зорман најавиле дека настапот во Катар е нивното последно Светско во дресот на Словенија, пренесуваат тамошните медиуми.
Гајиќ со 71 гол беше најдобар стрелец на шампионатот, на кое Словенија беше осмопласирана и во осминафиналето ја победи Македонија.
Покрај признанието најдобар стрелец, Гајиќ беше и во идеалниот тим на шампионатот.
Двајцата ракометари своите одлуки ги објавија на социјалните мрежи, но тоа не значи дека нема да ја предводат својата репрезентација во квалификации за Европското првенство во Полска и евентуално на олимписките квалификации за Рио доколку Словенија биде пласирана.