На автобуската станица во Приштина е забележана невообичаена појава-се бара автобус повеќе за иселување од Косово. Секоја вечер, од почетокот на оваа година, жителите со автобуси заминуваат од Косово, а тамошните медиуми се обидуваат да дадат одговор на што се должи интензивното напуштање на Косово.
Дали нешто се подготвува или пак невработеноста и сиромаштијата се главната причина за заминувањето?