Први.мк го објави, како што велат видео-хитот од социјалните мрежи, на кој се гледа како неколку студенти влегле на предавање кај професорката на Правниот Факултет, Тања Каракамишева.
Први.мк претпоставува дека се членови на Студентскиот Пленум.
Од Каракамишева побарале одговор за тоа што значи членот 46 од Уставот на Република Македонија.
„Откако таа ги изигнорирала и наместо одговор продолжила со предавањето, студентите почнале да се шегуваат со нејзината „сестраност“ која според нив ја покажувала како радиски-водител, па почнале да ја прашуваат за тоа каков е нејзиниот став за новиот албум на Цеца“, пишува Први.мк.
Членот 46. од Уставот ја дефинира автономијата на Универзитетите.