Прво несогласување меѓу коалициските партнери во грчката Влада

Од:

Лидерот на Независни Грци (АНЕЛ) помалиот коалициски партнер во грчката Влада, Панос Каменос соопшти дека 13-те пратеници на неговата партија нема да го поддржат законот со кој на децата на имигрантите ќе им се даде грчко државјанство, јави дописникот на МИА од Атина.

– Пратениците на АНЕЛ не се овци. Тие ќе гласаат според нивната совест и одредбите од Уставот, рече Каменос.

Во исто време, претставници на владејачката Сириза изјавија дека коалиција не значи дека мора да има договор за се, туку почитување на демократијата. Според нив, законот најверојатно ќе го поддржат некои пратеници од опозицијата.

Грчката заменик-министерка за миграциска политика Тасиа Христодулопулус пред некој ден го повтори предизборното ветување на Сириза дека на сите деца на мигранти кои се родени и пораснале во Грција ќе им се даде грчко државјанство. Таа додаде дека државјанство ќе добијат сите тие деца кои не знаат за друг дом, „дури и оние кои не се родени тука туку дошле во Грција многу мали, оделе и завршиле училиште во Грција“.

Државниот совет на Грција одлучи дека законот од 2010 година, со кој државјанство требаше да добијат децата од втора генерација имигранти, е делумно прекршување на Уставот. Следната влада изготви нов закон според кој државјанство требаше да добијат децата на имигрантите кои имаат завршено девет години во основно грчко училиште, завршиле грчко средно образование или дипломирале на грчки универзитет. Овој предлог-закон воопшто не дојде до Парламентот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит