Поради зголемување на нивото на реката Брегалница, превентивно ќе биде затворен патниот правец од Ново Село кон Радовиш.
Авто-мото сојузот на Македонија соопшти дека од 15 часот и 40 минути во прекин е патниот правец Демир Капија – село Корешница поради зголемување на нивото на реката Вардар и поплавување на пристапот на мостот кон селото.
Во прекин е сообраќајот на локалноп пат за селото Покрајчево, кој го поврзува магистралниот пат А-4 Радовиш-Струмица, поради излевање на Радовишка Река. Сообраќајот се одвива преку селото Подареш-Радовиш.
Забрана за тешки товарни возила и автобуси од 20:30 часот има на патниот правец Дебар-Маврово.