Сапин: Грција да не се обидува да ги скара Германија и Франција

Од:

Францускиот министер за финансии Мишел Сапен по средбата со неговиот грчки колега Јанис Варуфакис ја предупредува Атина да не игра на картата нa кавга меѓу Берлин и Париз.

– Француско-германскиот договор е клучен за постигнување спогодба што може да им погомне на Грците, изјави Сапен.

Според него, барањето на грчката Влада за постигнување „Нов договор“ е разумено, само ако оди во пакет со нов план за реформи во Грција.

– Нема никаква поента да се туркаат членките на еврозоната едни против други и особено тоа не може да се прави со Франција и Германија, затоа што решението за помош на Грција мора да мине преку договор меѓу Франција и Германија, изјави Сапен по средбата со Варуфакис во Париз.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната