(ВИДЕО) Зошто да ги гледам спомениците кога нема што да јадам

Од:

31 отсто или половина милион луѓе во Македонија живеат во сиромаштија, а тој процент постојано се зголемува.

Сиромашни не се само стечајните работници, невработените или социјлно загрозените семејства, во Македонија сиромашни се и вработените, а алармантно е што расте и сиромаштијата на децата до 17 – годишна возраст, ова беа дел од темите за кои се разговараше на дебатата која ја организираше невладината „8- ми Септември“.

Беше промовиран документарниот филм „Македонија е земја на социјална неправда“, кој укажува на нефункционалниот систем на социјална заштита во Македонија. Филмот ги бележи животните стории на социјално загрозени граѓани, а еден од нив ги сумира лошите политики на владата со реченицата „Зошто да ги гледам спомениците кога нема што да јадам“.

– Едно социјално загрозено семејство треба да го истера денот со 22 денари на ден, по член на семејството и тоа е невозможна мисија, затоа што со тие пари вие не можете да платите сметки, превоз, да купите храна, да купите облека. Математички е невозможно, со социјалната помош не може да се плати ниту сметката за струја. Државата систематски го намалува бројот на семејства што примаат социјална помош, од 2006 до сега тој број е намален за половина и сега социјална помош примаат околу 30 илјади семејства, а во меѓувреме, стапката на сиромаштија останала иста. Со тоа се покажува политичката волја на владата да не го решава овој проблем, а ист е случајот и со стечајните работници. Владата одбива целосно да го реши нивниот проблем што би ја чинело 7-8 милиони евра годишно, а притоа сме сведоци дека секојдневно никнуваат нови фонтани, нови споменици, панормаски тркала кои чинат многу повеќе отколку да се обештетат овие луѓе.

Еден од најалармантните податоци е што во Македонија и децата до 17 годишна возраст се сиромашни и тој процент расте.

– 31 од децата на возраст од 0 до 17 години во Македонија живеат во сиромаштија, тоа е 6 отсто повеќе од работоспособното население и 10 отсто повеќе од старото население. Децата треба понатаму да го водат ова општество, треба да имаат квалитетна храна, квалитетно образование и пристап до се’ она што значи нивен развој, а не да бидат на маргините од општеството. Спротивно на мерките на владата со кои треба да се зголеми наталитетот во Македонија, се покажаа статистиките за семејствата со три или повеќе деца. За само 2 години процентот на сиромаштија во овие семејства се зголемил за 10. Во 2012 година процентот на сиромаштија на семејства со двајца возрасни и 3 издржувани деца е 53 отсто, додека во 2010, тој процент бил 44. ова покажува дека овие мерки се комплетно нефункционални и дека квалитетот на живот кај овие семејства, всушност се намалува, рече Мила Царовска.

Наде Наумовска од Фондацијата Отворено општество – Македонија ги претстави активностите за изготвување на сосема нов закон за социјална заштита, кој ќе понуди сосема поинаков концепт.

– Тоа би бил закон кој ќе понуди поголема мобилност и достапност на центрите за социјална помош, поголема социјална помош во рамките на надминување на прагот на сиромаштијата, рече Наумовска.

Предлог мерките на „8-ми Септември“ биле доставени до Владата и до ЗЕЛС, но десега нема одговор.

А.Б.

Би можело да ве интересира

ФООМ донира 100 илјади долари за најзагрозените ромски семејства

Ана Ололовска

ФООМ додели награди за средношколци и наставници

Ана Ололовска

ФООМ бара итно повлекување на законската измена за заменици директори во јавните претпријатија

Наум Локоски

ФООМ – 25 години поддршка за силни и активни граѓани и демократско општество

Ана Ололовска

НОВУС го заврши сетот на обуки за запознавање на младите со европските политики и институции

Ана Ололовска

Фондацијата „Отворено општество“ бара официјална потврда од ЈО за истрагите против НВО секторот

Ана Ололовска