Јанис Варуфакис: Грчката Влада сака да запре со „дрогата на позајмици“

Од:

Владата на Грција сака да го избегне добивањето нова позајмица од Европската унија во замена за продолжување на приватизацијата, ја исклучува можноста за повторна национализиација и не им вели не на кинеските инвестиции, изјави новиот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис во интервјуто за париски „Монд“.

– Ние не живееме за идната транша на кредити, како наркоман кој ја чека следната доза, вели грчкиот министер.

Според него, како што јави дописникот на МИА од Париз, две главни грешки на грчките влади од пред десетина години биле постојаното користење на задолжувањата без да се мисли на иднината и отсуството на реформи.

– Ние ќе прекинеме со ова, вели тој.

– Прифатија да и позјмат на Грција големи суми на пари за да ги плати нејзините долгови, барајќи да ги намали своите приходи. Тоа не е добра идеја. Добрата стратегија за Сизиф е да прекине да го турка каменот, за да се качи на ридот. Треба да прекинеме да го имитираме Сизиф и да делуваме на поинтелегентен начин изнаоѓајќи план кој функционира во интерес на Европа, а не само на Грција, објаснува Варуфакис.

– Ние сакаме да дискутираме со нашите партнери за да бидеме сигурни, дека кога ќе позајмуваме повторно, тоа ќе биде во рамките на еден издржан план. Тој може да биде готов за неколку месеци. Се што бараме, е еден буџетски простор во наредните недели за да ги предложиме нашите реформи, дообјаснува тој.

Запрашан за тоа како мисли новата Влада во Атина во вакви услови да ја финансира својата програма, Варуфакис дава алтернатива за бараните приватизации од доверителите на Грција.

– Ние сметаме дека насред една дефлациска криза не е интелегнтно да се продава семејниот накит за џабе, како што беше направено со националната лотарија, која беше „златна кокошка“ за државата, нагласува грчкиот минситер за финансии.

Според него, би било помудро да се развијат добрата на државата, за да се зголеми нивната вредност со користење на интелегентни средства за финансирање и засилување на грчката економија. Односно реформи, преиспитување на сопственичкото право за некои добра, кои можат потоа да се користат како гаранции во замена за заеми од Европската банка за инвестиции.

Варуфакис ја исклучува секоја повторна националзиација.

– Да бидеме реални. Некои штети кои беа направени неможат да бидат исправени. Нема да биде мудро да се навраќаме на завршените приватизации и да бараме јавни пари за нова национализација. Тоа ќе биде апсурдно, ијзаву Варуфакис.

Во однос на највата на Владата од Атина дека сака да го прекине процесот на приватизација на пристаништето во Пиреја, Варуфакис смета дека менаџирањето на кинеската група „Коско“ со пристаништето е многу позитивно за Грција. Според него, странските инвестиции и посебно кинеските, се голем извор на надеж за подобрување на грчките структури и грчката компетитивност.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит