Гжегож Схетина: Крајот на Втората светска војна не треба да се празнува во Москва

Од:

Свечените церемонии по повод крајот на Втората светска војна треба да бидат во Лондон и Берлин, а не во Москва, изјави полскиот министер за надворешни работи Гжегож Схетина, како одговор на идејата на полскиот претседател Бронислав Коморовски на 8 мај во Гдањск да се организира празнување на 70-годишнината од завршувањето на војната.

– Не е природно да се одбележува годишнина од крај на војна, таму каде таа започнала. Не знам зошто се мисли дека Москва е местото, каде што се одбележува крајот на воените дејствија, а не Лондон или Берлин, додаде Схетина.

На ваквата изјава на шефот на полската дипломатија реагирал рускиот заменик министер за надворешни работи Григориј Карасин.

Тој нагласи дека Схетина по неговите загрижувачки изјави за Аушвиц се обидува да го „извалка не само своето име, туку и дипломатската служба на Полска“, се обидува да ги преразгледа резултатите од Втората светска војна и улогата на СССР како победник.

– Политичар од ваков ранг нема право да навредува и посрамотува историски факти, уште повеќе оние кои се поврзани со страдањата и убиствата на милиони луѓе, истакна Карасин.

Русија на 9 мај ќе прослави 70 години од Победата над фашизмот. На церомонијата се поканети и се очекува да присуствуваат лидери од голем број земји.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот