Откријте го вашиот тип на интелигенција?

Од:

Сите се паметни, секој има посебни можности да биде паметен во одредеби области, некои луѓе се одлични во решавање на загатки, други пак многу добро учат од искуството.

Психолог Хауард Гарднер не се согласува дека постои само еден начин на кој некој може да биде „паметен“, туку тврди дека потојат девет видови на интелигенција.

Луѓе кои се добри со зборови, брзо и лесно можат да научат многу јазици, добро пишуваат и секоја дебата ја красат со својата лингвистичка интелигенција.

Луѓето кои учат и размислуваат преку слики се просторно интелигентни. Подобро помнат лица отколку имиња, своите идеи ги изразуваат преку цртеж, забележуваат делови од животот и сакаат различни уметности.

Способноста и чувството на луѓето да се справат со длабоките прашања за човековото постоење и смислата на животот се резултат на егзистенцијалната интелигенција.

Оние кои ја сакаат музиката, го разбираат ритамот и мелодијата, лесно ги помнат, разликуваат различни инструменти, одлично свират и пеат се музички интелигентни.

Природна интелигенција 

Најочигледен знак за природната интелигенција е забележувањето на детали во природата. Овие луѓе добро паметат места, животни и растенија. Добро се снаоѓаат во различни ситуации и на различни места и уживаат во средината во која се наоѓаат. Се интересираат за се што е поврзано со природата. Тие се грижат за средината во која живеат.

Логичко-математичка 

На овие луѓе одлично им оди математика. Набљудуваат се околу, причините и последиците, можат многу брзо да решаваат загатки или да наоѓаат одговори на тешки прашања. Секогаш размислуваат со помош на логиката и така ги решаваат сите проблеми.

Интраперсонална интелигенција

Внатрешната интелегенција ги краси луѓето кои се добри во анализирањето на нештата, многу размислуваат и свесни се за своите маани и доблести. Размислуваат за своите искуства, учат од нив и така си ја создаваат иднината.

Физички – кинестичка 

Со ваквата интелегенција лицата се изразуваат преку телесните вештини, мислите им го учат телото, уживаат во движењето и физичката активност, лесно и брзо ги совладуваат физичките способности. Таквите луѓе се одлични во спорт, вешти sе со рацете и монтажнитe работи.

Интерперсонална интелигенција 

Оние кои лесно се запознаваат со нови луѓе и многу брзо склопуваат пријателства, ги разбираат меѓучовечките односи, сакаат да се грижат за другите и многу им е важно како другите се чувствуваат се надарени со интраперсонална интелигенција. Добро ги разбираат другите и го разбираат јазикот на телото.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска