„Солидарност“: Објавувањето на доказ за корумпираност е граѓанска должност, а не кривично дело

Од:

Левичарското двиѓење „Солидарност“ со голема загриженост ги следи последните случувања на македонската политичка сцена поврзани со случајот „Пуч“.

„Ние сметаме дека објавувањето на евентуални докази за корумпираност на оние што ја водат државата е граѓанска должност, а не кривично дело. Обвинувањата од страна на Владата, пак, ги гледаме како имплицитно признавање за постоењето на такви инкриминирачки докази. Ова наликува на обид за спасување од неизбежниот револт на граѓаните. Но, и како обид за застрашување на сите што бараат одговорност по ова прашање.

Македонија веќе извесно време не е демократија. Ова не е став туку емпириски факт. Очекуваме, за жал, да станува сè полошо, пред да стане подобро. Притоа би сакале да изразиме поддршка на сите граѓани што активно го изразуваат револтот кон недемократското, расипничко и нечовечко владеење на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Во исто време го повикуваме СДСМ и нивните коалициони партнери на одговорно делување и што поскоро обелоденување на сите докази што се од јавен интерес.

На граѓаните и граѓанките на Република Македонија сакаме да им порачаме дека ние ревносно продолжуваме во нашата борба за социјално праведно и демократско општество. Деновиве активно се солидаризираме со хонорарците на кои им е наметнат арач, со понижените студенти и професори, со наставниците што штрајкуваат, со граѓаните што алармираат за загаденоста, и со сите оние што се ставени под чизмата на режимот и чиј живот се сведува на врзување крај со крај. Токму во име на вредностите што ги застапуваме потсетуваме дека суштинска промена е можна само ако, освен за детронизирањето на режимот, активно размислуваме и се фокусираме на прашањето што и како потоа. Суштинска промена не може и не смее да биде плод на странска интервенција, ниту пак да биде договорена зад затворени врати.

Демократијата, правдата и слободата на Македонија не смеат да бидат предмет на партиско-политички преговори и компромиси! Промената сме сите ние, остварувајќи ја со својот глас, активизам и солидарно дејствување!“, стои во соопштението од „Солидарност“.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Додека Македонија тагувала, Филипче анексирал договори за да се спаси – Дали причината за пожарот на Модуларната во Тетово се 20% и каде завршиле тие

СДСМ: И началничката Марија Цветковска меѓу заштитените од Мицкоски и Коцевски за трагедијата во Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: Јахоски ја отру и украде државата, па од судот доби пасош за шетање по Босфор

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Кога Мицкоски е фатен во криминал, тоа е дестабилизација

Aпелирам до СДСМ да не профитира политички од трагедијата во Кочани, вели премиерот Мицкоски

(ВИДЕО) Илиески: Драган Петрушев е заштитен од Мицкоски и Коцевски за трагедијата во Кочани

Горан Наумовски