Откиена измама за ДДВ од 143.000 евра

Од:

Финансиската полиција откри измама за ДДВ од 143.000 евра, пари кои на осомничените им биле исплатени од државниот буџет во текот на 2009 година.

Главен осомничен против кого е подесена кривичната пријава за сторено кривично дело „Измама“ и „Фалсификување или уништување на деловни книги“ е лицето Ќ.И од Скопје, сопственик и управител на правниот субјект Боки груп ДООЕЛ од Скопје, а мозок на операцијата и овој пат е добро познатиот сметководител З.З вработен во правниот субјект Мак Консалтинг Сузана ДООЕЛ Скопје кој ќе одговара за „Помагање“ и „Фалсификување или уништување на деловни книги“, соопшти Управата за финансиска полиција.

Првопријавениот Ќ.И во својство на сопственик и управител на правното лице Друштвото за трговија Боки груп ДООЕЛ Скопје, помогнат од второпријавениот З.З во својство на овластен сметководител на правното лице Боки груп и сопственик и управител на правниот субјект Мартом ДООЕЛ Скопје, свесно и со намера да се стекнат со противправна имотна корист, употребиле фалсификувана ДДВ пријава во која прикажале невистинити податоци за влезниот промет, односно во истата евидентирани се фиктивни влезни фактури за наводно извршени набавки на стоки и услуги без да постои реален должничко доверителски однос и соодветна документација кај добавувачи кои наводно ги испоставиле овие фактури. Фалсификуваните фактури не се евидентирани во нивните сметководствени евиденции, ниту пак е извршено плаќање, на кој начин пријавените ги измамиле односно ги довеле во заблуда службените лица на УЈП кои ја вршеле контролата кај даночниот обврзник.

Како резултат на добро организираната измама, двајцата пријавени успеале противзаконски и неосновано да извршат поврат на ДДВ при што директно го оштетиле Буџетот на Република Македонија за износ од 143.000 евра.

Финансиската полиција во соработка со Управата за јавни приходи против второпријавениот сметководител З.З. пред неколку месеци веќе поднесе пријава за измама за ДДВ со други фирми во негова сопственост со кои успеа да инкасира повеќе од 750.000 евра од неоснован поврат на ДДВ. За ова кривично дело З.З. заработи и мерка притвор а целокупниот имот му беше замрзнат од страна на органите на прогонот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриена е криминална група за посредување во проституција и илегална трговија со дрога

Горан Наумовски

Четворица приведени за пукањето во Чаир, двајца биле затвореници од „Идризово“

Санкции поради неправилности при вршење јавен превоз со автобус

Предраг Петровиќ

Преку лажни профили на МВР и Интерпол се нуди помош за измамени во “Конти“, предупредува полицијата

Катерина Ѓуровски

Отворен пункт за лични документи во Сарај

Приведен 48-годишник од неготинско село за напад врз малолетниот внук