Сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар кај манастирот Свети Јован Бигорски, поради лавина, беше во целосен прекин. Попладнево, како што соопшти АМСМ, е исчистена една коловозна лента и се работи на целосно расчистување.
Превентивно се затвора и сообраќајот на патниот правец Штип – Ново Село, поради излевање на реката Брегалница.
– Забрана за движење на тешки товарни возила, поради поголеми остатоци од снег на коловозот, има на патниот правец крак Маврово – Дебар, се наведува во соопштението од АМСМ.
Поради поголеми одрони на патот Кочани – Македонска Каменица од с.Истибања до брана Калиманци, сообраќајот наместа се одвива по една коловозна лента и на возачите им се препорачува внимателно управување со возилата.