Снежната лавина која падна претпладнето околу 10 часот, во близина на Бигорски манастир и бензинската пумпа на Макпетрол, е расчистена и патниот правец Дебар-Маврово е прооден по двете коловозни летни.
– Бидејќи беше снежна лавина, што подразбира повеќе снег, а помалу дрвја и камен, со ангажирање на дополнителна механизација и од Дирекцијата за заштита и спасување, материјалот кој беше над 2 илјади кубни метри е расчистен.
Патрниот правец Дебар-Маврово е прооден, но се препорачува и понатаму многу вниматело возење како на овој пат, така и на патот кон Струга. Има одрони на камен, но и поради снегот на коловозите, изјави Деар Лиманоски од дебарската дирекција на „Македонија пат“.
Според градоначалникот на општина Маврово-Ростуше, Мукрем Мехмеди ,жителите од подрачјето на Река два дена се без електрична енергија поради дефекти на далноводот.
Без струја со часови беа и жителите на дебарското село Рајчица,како и неколку села кои се под општина Дебар, а со струја се напојуваат преку истиот далновод.