Папата Франциско најави денеска дека во јуни ќе го посети Сараево, со цел да се заложи за братско и мир во Босна и Херцеговина.
Поглаварот на Римокатоличката црква посетата на сараево на 6 јуни ја најави денеска за време на обраќањето пред десетиците илјадници верници на неделната молитва на плоштадот Свети Петар.
Папата од насобраните побара да се помолат за неговата еднодневна посета на Сараево да пружи поддршка на католичкото малцинство во Босна и Херцеговина и да „поттикне развој на добра и да придонесе за консолидација на братството и мирот“.