Шест лица загинале, а 10 биле ранети во експлозија на автобус во централниот дел на сириската престолнина Дамаск, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, цитиран од француските медиуми.
Невладината организација засега не може да прецизира кои се причините за експлозијата во близина на трговската улица „Сук ал Хамидие“ во центарот на Дамаск.
Државната агенција САНА инфоирмира дека во експлозијата загинале четири и дека се ранети уште 19 лица.