Сообраќајот кај Бигорски по една лента, укинати забраните на неколку патишта

Од:

Патниот правец Маврово – Дебар кај манастирот Бигорски, кој беше во целосен прекин поради лавина, е прооден по една коловозна лента.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека се работи на негово целосно расчистување.

Винателно возење се препорачува и на патот Кочани – Македонска Каменица од селото Истибања до браната Калиманци каде поради одрони сообраќајот наместа се одвива по една коловозна лента.

Поради поголеми остатоци од снег на коловозот на патниот правец крак Маврово – Дебар сеуште останува забраната за движење на тешки товарни возила, а за патничките возила се препорачува употреба на зимска опрема.

Укинати се забраните за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка и на планинските премини Стража, Пресека, Буково, Ѓавато и Барбарас.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава