Околу 1.500 лица учествуваа на митингот на екстремистичката „Златна зора“ во Атина

Од:

Грчката крајно десничарска партија „Златна зора“ синоќа во центарот на Атина организира митинг на кој учествуваа околу 1.500 лица, соопшти ТАСС, повикувајќи се на агенцијата АНА МПА.

Настанот заврши на централниот плоштад „Рингилис“, пред споменикот на тројцата пилоти на хеликоптер на грчкото воено воздухопловство кои загинаа на 31 јануари 1996 година за време на
најострата турско-грчка криза во врска со спорот за островот Имија во Егејско Море.

Членовите на „Златна зора“ им одадоа почит на загинатите и положија венци на спаменикот.

Островот Имија (на турски – Кардак) се наоѓа на само четири морски милји од турскиот брег. Грција и Турција одамна го оспоруваат суверенитетот над островот и во 1996 година беа на чекор до војна токму заради него.

Новиот грчки министер за одбрана Панос Каменос, лидер на десната партија „Независни Грци“, во петокот предизвика кревање тревога за турските ловци, откако со хеликоптер прелета над ненаселениот остров во Егејско Море.

Портпаролката на партијата изјави дека министерот отишол таму за да го покаже својот патриотизам и почит кон загинатите. „Тоа никој не го направил во текот на последните 19 години“, додаде портпаролката.

Истовремено, во друг регион на Атина се оддржа антифашистички митинг на левите сили, организиран како одговор на митингот на
„Златна зора“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит