Варуфакис: Новата спогодба со кредиторите ќе биде крај за грчката кредитна програма

Од:

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис изјави дека новата спогодба на Грција со кредиторите ќе ја елиминира старата кредитна програма и економијата ќе ја направи одджрлива, пренесе ТАСС.

Програмата на Европската унија за доделување кредити на Грција требаше да заврши во 2014 година, но беше продолжена до 28 февруари, а Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) планира да и дава кредити на Атина до март 2016 година, пренесе БТА.

Давањето на следната транша кредиторите го условуваат со обезбедување на последната оценка за грчките финансии од страна на „тројката“ меѓународни кредитори (ЕУ, Европската централна банка и ММФ).

Новата грчка Влада, меѓутоа, соопшти дека нема да има продолжение на старата програма, „тројката“ нема веќе да се враќа во Атина, а Грција со кредиторите ќе склучи нова взаемно поволна спогодба, што на грчката економија ќе и даде можност за развој.

-Тоа што ни треба всушност е мост меѓу старата програма, која ние ја отфрламе, и новата спогодба, која ќе ја постигнеме по преговорите, рече Варуфакис во денеска објавеното интервју за грчкиот весник „Агора“.

Министерот подвлече дека на земјата и требаат време и финансиски „грејс период“ за да се договори со партнерите за новата спогодба, која суштински ќе му стави крај на проблемот со долгот и економијата ќе ја направи оддржлива.

Варуфакис изјави дека Грција нема намера да ја добие последната кредитна транша, затоа што тоа ќе значи дека дава согласност за продолжување на програмата.

-Прашањето за финансиите реално ќе биде покренато во јуни-јули, кога се приближуваат роковите за згаснување на грчките обврзници со кои располага Европската централна банка. Дотогаш сакаме да ги завршиме преговорите и да ја склучиме новата спогодба, изјави Варуфакис.

Министерот ја увери грчката јавност дека Владата ќе претстави конкретна програма за реформи, чија подготовка во пракса веќе е завршена.

-Сакам да подвлечам дека се почитуваат обврските преземени од државата Нашите задачи пред инвеститорите, кои вложиле пари во производствениот сектор на земјата, остануваат целосно во сила, рече тој.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит