Ципрас: Грција не сака конфликт, туку време да се одмори

Од:

Новиот грчки премиер Алексис Ципрас денеска се обиде да ги смири тензиите со меѓународните кредитори, изјавувајќи дека неговата левичарска влада не бара конфликт со нив, туку само има потреба од „време за одмор“.

„Ниту една страна не бара конфликт, а нашата намера никогаш не била еднострано да делуваме за прашањето на грчкиот долг. Нашиот заеднички интерес е економската стабилност и обновата на економијата во нашата заедничка куќа, Европа“, рече Ципрас во соопштението објавено на англиски јазик.

Ципрас инсистира на тоа одлуката на неговата Влада да ги заврши болните реформи воведени за Грција во замена за кредити од Европската централна банка, ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд, не значи дека таа нема да се приддржува кон своите обврски, пренесуваат француските медиуми.

-Моја обврска да го почитувам мандатот на грчкиот народ, со завршување на политиката на штедење и враќање на агендата на раст, ниту на еден начин не значи дека нема да ги исполниме своите обврски кон Европската централна банка или кон ММФ, кога станува збор за заемот, истана Ципрас. „Напротив, додаде тој, тоа значи дека ни е потребно време да се одмориме и создадеме сопствена програма за заздравување“.

Ципрас уште кажа и дека допрва почнува советувањето со европските партнери и дека, и покрај фактот дека постојат разлики во перспективите, тој е апсолутно уверен дека наскоро ќе биде постигната спогодба која ќе донесе бенефиции и за Грција и за Европа во целина.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит