Кривична за помалиот син на Верушевски за „производство и дистрибуција на детска порнографија“

Од:

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на МВР, до Основното јавно обвинителство-Скопје поднесе кривична пријава против 19 годишно лице од Скопје, за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

Според информациите се работи за помалиот син на помалиот син на поранешниот директор на ДБК Зоран Верушевски.

Помошник-министерот за внатрешни работи Иво Котевски, на прес конференција соопшти дека лицето во текот на ноември 2014 година, преку неговиот лаптоп компјутер набавил детска порнографија во форма на фотографии и видео запис и ја зачувал на локалниот диск на неговиот компјутерот.

На 22 јануари годинава, постапувајќи по наредба за претрес на дом и други простории издадена од Основен суд Скопје 1 Скопје, извршен е претрес во домот на неговиот татко при што се пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело или преку кои што е сторено делото и тоа преносен лаптоп компјутер марка „ДЕЛЛ“. Со цел да се утврди содржината на мемориските медиуми, издадена е наредба од Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство -Скопје за анализа.

„По извршената анализа на одземениот лаптоп компјутер пронајдени се две видеа, како и 16 фотографии со содржина од детска порнографија. Едно од видеата е преземено на 14.11.2014 година при меѓусебна скајп комуникација со скајп профил кој користел ИП адреса со локација во Софија, Бугарија, а како примач е скајп профилот на пријавениот со профил „горан.верушевски“ кој во тој момент користел ИП адреса со локација во Солун, Грција, за време на неговиот престој во Грција каде е на студии“, рече Котевски.

Младиот Верушевски се товари дека го сторил кривичното дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, но во моментот лицето не е достапно на органите на прогонот, а МВР, рече Котевски, ќе преземе мерки за негово обезбедување, како и размена на информации со МВР на Бугарија и Интерпол за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи