Обвинителството предлага одземање на пасошот на Заев

Од:

По кривичната пријава на МВР против лидерот на СДСМ, Зоран Заев Јавното обвинителство предложи превентивни мерки за него и одземање на патната исправа или друга исправа за преминување на државната граница.

За другите тројца обвинети е предложен притвор.

– Надлежниот обвинител против осомничените лица донесе наредба за спроведување истражна постапка и тоа за осомничениот З.В. за кривични дела „шпионажа“ по чл. 316 од Кривичниот Законик и кривично дело „насилство спрема претставници на највисоките државни органи“ по чл. 311 во врска со чл. 24 од КЗ, за осомничената С.В. за сторено кривично дело „шпионажа“ по чл. 316 вв со чл. 24 од КЗ, за осомничениот Б.П. за кривично дело „насилство спрема претставници на највисоките државни органи“ по чл. 311 во врска со чл. 24 од КЗ и за осомничениот З.З. за кривично дело „насилство спрема претставници на највисоките државни органи“ по чл. 311 во врска со чл. 19 од Кривичниот Законик на Република Македонија, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев