„Шкода“ за 110 години продала 17 милиони автомобили

Од:

Чешкиот производител на автомобили одбележа уше еден голем јубилеј – за 110 години постоењето од неговите производни ленти се спуштени 17. 000.000 возила со амблемот на „Шкода“.

Својот прв автомобил „Шкода“ го произведе уште во далечната 1905 година, а во 2014 година производството надмина 1.000.000 примероци годишно.

Интересно е дека до 1991 година, кога „Шкода“ влезе во составот на групацијата „Волксваген“, изработени беа пет милиони автомобили, а оттогаш, во последните речиси 25 години, уште 12 милиони примероци.

Според зборовите на извршниот директор на компанијата, Винфрид Валанд, планот е во блиска иднина бројот на произведени автомобили во една календарска година да се зголеми на 1,5 милиони.

Моментално во погоните на „Шкода“ низ цели свет се изработуваат седум моделски серии, со повеќе од 40 различни верзии автомобили. Следниот нов модел кој ќе биде претставен кон средината на февруари, а светската премиера е закажана за мартововскиот авто-салон во Женева. Станива збор за третата генерација „Шкода Суперб“.

Јубилејниот, 17-милионски автомобил што излезе од фабриката „Млада Болеслав“ е црвен „Рапид Спејсбак“.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ