Костас Караманлис ја одби СИРИЗА да биде владин кандидат за нов грчки претседател

Од:

Поранешниот конзервативен грчки премиер Костас Караманлис го отфрлил предлогот на владеачката радикална левица СИРИЗА да биде владин кандидат за претседател на земјата, соопшти весникот „Катимерини“.

Според извори на весникот, премиерот Алексис Ципрас го запрашал Караманлис дали сака да биде владин претседателски кандидат во парламентарната процедура за избор на шеф на државата, планирана за следниот месец.

Караманлис побарал малку време за да размисли, по што го отфрлил предлогот.

Изворите на „Катимерини“ посочуваат дека Караманлис бил загрижен за опасноста од прифаќање на ваквиот предлог од страна на СИРИЗА во период кога новата владина политика може да доведе до судир со европските партнери.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит